Достапни линкови

Путин разговарал со Ердоган за Сирија


рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Официјална Москва соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин синоќа разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за ситуацијата на северот на Сирија. Кремљ наведува дека притоа била „воочена потребата од спречување на судири меѓу единиците на турската војска и силите на сириската влада и го потврдиле почитувањето на територијалниот интегритет на Сирија“. Сириската војска тргнала на север врз основа на спогодбата со Курдите кои побараа заштита од турската офанзива што уследи по повлекувањето на американските војници од тоа подрачје.

XS
SM
MD
LG