Достапни линкови

Меркел и Макрон денеска и за датумот за преговори со С. Македонија


германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон

Претставник на германската влада соопшти дека на денешниот состанок меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде покренато прашањето за доделување датум на Северна Македонија за почнување пристапни преговори со Европската унија. „Ова е приоритетна работа за Германија и стратегиско прашање за Европската унија“, изјавил за новинската агенција Ројтерс неименуван претставник на германската влада. Агенцијата оценува дека францускиот претседател Емануел Макрон се соочи со судир со германската канцеларка Ангела Меркел, откако Париз вчера остана изолиран во спротивставувањето на започнувањето на преговорите за членство со Северна Македонија. Данска и Холандија на состанокот на министрите на ЕУ во Луксембург застанаа на страна на француското отфрлање на започнувањето на разговорите за пристапување со Албанија.

XS
SM
MD
LG