Достапни линкови

Седница на македонско бугарска комисија за историја


Гоце Делчев

Заедничката македонско - бугарска Комисија за историски и образовни прашања на денешната седница повторно ќе разговара за Гоце Делчев, за кого не се најде решение на изминатите состаноци.

Основните барања на официјална Софија се заедничката комисија за историските прашања да работи побрзо што би значело да се постигнат конкретни договори за личности како Гоце Делчев, Даме Груев, браќата Миладиновци и за настаните како Илинденското востание и Кресенско- разловечко востание.

Бугарија бара и корекција на учебниците по историја и географија и тоа во краток рок, откажување на Скопје од тврдењата за македонско малцинство, да се тргнат натписите на спомениците, спомен плочите и зградите во кои имало „нескриена омраза кон Бугарија“, како на пример бугарски фашистички окупатор.

XS
SM
MD
LG