Достапни линкови

Османи во вонредна посета на Луксембург и Брисел


вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска ќе отпатува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори со претставници на Европската Унија и земјите – членки на Унијата пред Министерскиот состанок за општи работи, каде што на дневен ред ќе се најде одлуката за почеток на преговорите со Република Северна Македонија. Во рамките на посетата, како што соопшти прес-службата на СЕП, Османи ќе оствари и работна средба со алтернативниот министер за Европа на Грција, Милтиадис Варвициотис, прва официјална средба на министрите за европски прашања на двете земји, по изборот на новата Влада на Мицотакис во Грција.

XS
SM
MD
LG