Достапни линкови

Трамп и воведува санкции на Турција поради акцијата во Сирија


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека воведува нови санкции врз Турција, ги прекинува трговските разговори и ги покачува царините на челик во настојувањето да изврши притисок врз Анкара да ја запре воената офанзива во Сирија против курдските сили која Турција ги смета за терористички. Трамп најави дека наскоро ќе ја потпише извршната наредба со која се дозволува да се воведат санкции врз сегашни и поранешни турски официјални претставници, како и други мерки за кои, како што вели, ќе помогнат во враќањето на стабилноста во Сирија. Една недела пред турската офанзива Трамп им нареди на американските војници да се повлечат од североистокот на Сирија, што според критичарите, и даде зелено светло на Турција да тргне против Курдите кои пак им беа сојузници на САД во борбата против Исламската држава.

XS
SM
MD
LG