Достапни линкови

Советот на ЕУ за општи работи за Северна Македонија и Албанија


Македонско знаме и знамето на ЕУ

Советот на ЕУ за општи работи во Луксембург денеска на дневен ред го има потенцијалното започнување на преговорите за пристапување во ЕУ на Северна Македонија и Албанија и Северна Македонија. Советот за општи работи е составен од министри за европски прашања од сите земји-членки на ЕУ и се состанува еднаш месечно. Советот е одговорен за прашања што влијаат врз повеќе полиња, како што се: проширувањето на ЕУ, повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ, политиката на кохезија и прашања поврзани со институционалните теми на ЕУ. Исто така, Советот е одговорен за обезбедување конзистентност во работата на сите конфигурации на Советот и ја координира подготовката на состаноците на Европскиот совет.

XS
SM
MD
LG