Достапни линкови

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија


Зоран Заев и Бојко Борисов на заедничка прес-конференција во Скопје, 1 август 2019 година

Премиерот Зоран Заев денеска остварил средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на која присуствувале и претставници од Министерството за надворешни работи и кабинетот на премиерот.

Како што информираат од Владата, денешните разговори се во рамки на тековните консултации во однос на работата на комисијата пред утрешната средба со нивните бугарски колеги во Охрид.

„На средбата беше истакнато дека Владата останува посветена на договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и на негувањето на дијалогот и градење заеднички консензус за сите прашања од делокругот на работа на комисијата“, информираат од владината прес-служба.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека очекува оти Бугарија ќе покаже конкретна поддршка во Советот за општи работи и во Европскиот совет затоа што тие искрено сакаат да не поддржат и имаат обврска согласно со договорот.

Премиерот изјави дека преку овој договор досега е најдено решение за шест историски личности и четири историски периоди, а сега доаѓа петтиот период којшто како што рече, не е лесен, но тоа не значи дека нема да биде изнајдено решение.

XS
SM
MD
LG