Достапни линкови

Ердоган: Турција нема да се откаже од офанзивата во Сирија


Реџеп Таип Ердоган

Турција нема да се откаже од офанзивата против курдските борци во североисточниот дел на Сирија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека борбата ќе продолжи се додека не се постигне конечна победа.

„Одлучни сме да ја продолжиме операцијата до крај, неосврнувајќи се на заканите. Апсолутно ќе ја завршиме работата која ја почнавме. Нашата борба ќе продолжи се до конечна победа“, истакна Ердоган во својот говор во Баку.

Тој, исто така, ги осуди ЕУ и Арапската лига поради нивните критики за турската акција и побара меѓународни средства за плановите на Анкара за создавање „безбедносни зони“ во североисточниот дел на Сирија.

XS
SM
MD
LG