Достапни линкови

Турција: Во операциите во Сирија убиени 550 терористи


Турските вооружени сили убиле 550 терористи во текот на операциите „Извор на мирот“ во северниот дел на Сирија, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана.

„Операцијата успешно продолжува источно од Еуфрат. Неутрализирани се 550 терористи од Курдската работничка партија и Силите за заштита на народот“, наведува турското министерство.

Турција на 9 октомври започна воена интервенција, под името „Извор на мирот“, во северниот дел на Сирија со воздушни напади врз позиции на курдските бунтовници.

XS
SM
MD
LG