Достапни линкови

Трамп - Турција се соочува со санкции поради Сирија


Турција се соочува со санкции поради офанзивата во североисточна Сирија, вели американскиот претседател Доналд Трамп, но исто така сигнализира дека Вашингтон ќе избегне вооружен судир со Анкара.

„Доаѓаат големи санкции за Турција!“, рече Трамп.

Турција води офанзива против сириските Курди, кои се бореа заедно со американската војна против организацијата Исламска држава.

Но Трамп вели дека Курдите се обиделе да ги вовлечат САД во пошироката слика, со тоа што, како што вели, намерно ослободиле некои затвореници на Исламска држава, за да ги вовлечат во конфликт.

„Дали луѓето навистина мислат дека треба да одиме во војна со Турција, која е членка на НАТО?, рече Трамп.

Трамп во текот на викендот нареди околу 1.000 американски војници во северна Сирија да се повлечат од пограничниот регион за да не се најдат во средина на борбите.

XS
SM
MD
LG