Достапни линкови

Во ноември можен мировен самит за Украина


Mинистерот за надворешни работи на Украина, Вадим Прстајко.

Кон средината на ноември би можело да се одржи мировен самит за Украина, во Париз, ако Киев и бунтовниците кои имаат поддршка од Москва го одржат прекинот на огнот, изјавил министерот за надворешни работи на Украина, Вадим Прстајко. Тој во интервју за Ројтерс вели дека состанокот меѓу лидерите на Украина, Русија, Франција и Германија ќе биде „последна шанса“ за Москва сериозно да се вклучи во напорите за решавање на конфликтот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела обвини дека Русија го одложува одржувањето на самитот, со барање Киев прво да ги повлече своите трупи.

Украинскиот министер, Прстајко вели дека ќе има самит ако претходно има седумдневен прекин на огнот и ако се повлече лесното оружје од истокот на земјата. Договорите за прекин на огнот ги намалија борбите во источна Украина, но прекинот не е одржлив.

Состанокот во Париз е последна шанса, а ако тоа не функционира, ќе мора да бараме некој план Б“, додаде тој, одбивајќи да каже што би можело да биде.

XS
SM
MD
LG