Достапни линкови

Роботи место банкари?


Предвидувањата се модерната технологија може да доведе до укинување на околу 200.000 работни места во наредната деценија во банкараската фела во САД.

Последниот извештај на специјализираната компанија Vells Fargo & Co. покажува дека банкарството ќе биде следната индустрија која ќе биде погодена од технологијата, а се предвидува дека значаен број на работните места ќе бидат загубени во следната деценија.

Проценето е дека околу 200.000 работни места ќе бидат заменети со роботи во текот на следните 10 години само во САД. Технолошката ефикасност ќе резултира со најголема намаленост на вработените во американската банкарска индустрија во нејзината историја, со проценето намалување од околу 200.000 работни места во наредната деценија, се наведува во извештајот Vells Fargo & Co.

Вработените во банкарската филијала, кол центри и корпоративни работници ќе се намалат за околу една третина, а помалку ќе бидат погодени работите кои не се под влијание на технологијата, како што се продажба и советување, се наведува во извештајот.

„Тоа ќе биде драматична промена во центрите за контакт, а тие се внатрешни и надворешни“ изјавил Мајкл Танг, партнер кој ја води глобалната пракса за иновација на финансиските услуги

XS
SM
MD
LG