Достапни линкови

Политичкиот врв се среќава со историчарите пред утрешниот состанок на комисијата со Бугарија


Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов во Бугарија.

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се сретне со македонскиот тим историчари од заедничката заедничката македонско- бугарска Комисија за историски и образовни прашања. Во текот на денот Заев, неговите советници за надворешна политика и и претставници од кабинетот на министерот Никола Димитров ќе имаат средба со историчарите. Средбата доаѓа пред утрешниот состанок на заедничката Комисија. Тема на состанокот повторно ќе биде Гоце Делчев, за кого не се најде решение на изминатите состаноци.

Бугарските власти даваат поддршка за пристапувањето на Македонија во ЕУ, но имаат одредени услови.

Основните барања на официјална Софија се заедничката комисија за историските прашања да работи побрзо што би значело да се постигнат конкретни договори за личности како Гоце Делчев, Даме Груев, браќата Миладиновци и за настаните како Илинденското востание и Кресенско- разловечко востание. Бугарија бара и корекција на учебниците по историја и географија и тоа во краток рок, откажување на Скопје од тврдењата за македонско малцинство, да се тргнат натписите на спомениците, спомен плочите и зградите во кои имало „нескриена омраза кон Бугарија“, како на пример бугарски фашистички окупатор.

XS
SM
MD
LG