Достапни линкови

Заев оптимист за датумот за преговори


Премиерот Зоран Заев останува оптимист дека ќе има позитивна одлука на Советот на министри на ЕУ за датум за почеток на преговори.

„17 и 18 ќе бидат конечните датуми, јас сум оптимист, ги имаме сите аргументи на светот за да добиеме датум“, рече Заев. Тој вели дека Франција не е против нашата земја да добие датум, туку, како што вели, има легитимна намера да вгради нова методологија.

„Не сакам да размислувам дека ќе нема датум, ЕУ не смее да си дозволи да го казни најдобриот пример, не би сакал да разговарам за тоа, ние чекориме во вистински правец“, изјави Заев.

Заев вели дека недонесувањето на Законот за јавно обвинителство нема да влијае на одлуката за почеток на преговори.

XS
SM
MD
LG