Достапни линкови

Јанева од болница се враќа во Шутка


Катица Јанева на распит за „Рекет“ во Јавно обвинителство

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева се враќа во притвор во Шутка, откако помина четири денови во болница, соопшти нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска. Јанева во четвртокот беше пренесена во болницата Жан Митрев поради влошено здравје. Истиот ден Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение за случајот Рекет, во кој Јанева е второ осомничена.

Адвокатскиот тим на Јанева бара да и се замени мерката притвор, а за тоа Јанева како гаранција нуди три стана.

XS
SM
MD
LG