Достапни линкови

ЕУ размислува за продолжување на ембаргото за оружје за Турција


Лидерите на земјите-членки на ЕУ размислуваат за продолжување на ембаргото за оружје против Турција, како протест против нејзината офанзива против курдските сили во северна Сирија, објави Ројтерс.

Холандскиот министер за надворешни работи Штеф Блок на состанокот на шефовите на допломатии на ЕУ во Луксембург изјави дека „нападот врз соседна земја е против меѓународното право и Турција, како и секоја друга земја, мора да го почитува меѓународното право”.

Германија, Франција и Холандија веќе ја прекинаа продажбата на оружје на Турција. Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан ги повика САД да свикаат состанок на меѓународна коалиција против Исламска држава, предупредувајќи дека хаосот предизвикан од турската офанзива може да ја оживее опасноста од терористичката група.

XS
SM
MD
LG