Достапни линкови

Али Ахмети бара ветинг за сите


Али Ахмети

Пред нас имаме тешки задачи, иако до денес беше многу тешко, но толку тешко ќе биде и во иднина. Не е лесна работа да се има држава во која владее законот, не е лесна работа да се бориме и да имаме ветинг, не е лесна работа да се има успешна транспарентност . Толку повеќе стандарди имплементираме и спроведуваме толку ќе бидеме поблиску до Европа, изјави Али Ахмети на Изборното Собрание во Дебар. Тој нагласи дека ветингот важи за сите.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети ги поздрави присутните делегати на Изборното собрание изразувајќи благодарност што достоинствено и со напорна работа ја зачуваа гордоста и континуитетот на постарите генерации кои се жртвувале за да ние работиме достоинсвтено и така да не бидеме кираџии во нашиот дом.

XS
SM
MD
LG