Достапни линкови

Зеленски бара денешните протести да бидат мирни


Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика учесниците на денешниот националистички протест да избегнуваат насилство во време на се поголем гнев спрема неговиот мировен план за судирот на истокот на Украина. Илјадници полицајци ќе бидат разместени во Киев за да го контролираат собирот на кој националистичките партии ќе протестираат против политиките на Зеленски. Тој оцени дека критичарите на Киев „сонуваат да видат судири и хаос во Украина“. Демонстрантите се противат на спогодбата за локални избори на истокот на Украина и го толкуваат тоа како голема отстапка во корист на Русија.

XS
SM
MD
LG