Достапни линкови

Полските конзервативци ја зачуваа власта на изборите


Собир на владејачката полска конзервативна партија Право и правда

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда на вчерашните парламентарни избори ја доби довербата на избирачите да ја води земјата и во наредните четири години, навестуваат излезните анкети. Оваа партија освоила 43,6 насто од гласовите и ќе има 239 од 460 пратеници во Долниот дом на полскиот парламент, четири повеќе од изборите во 2015 година. Либералната опозициска Граѓанска коалиција освоила 27,4 насто од гласовите и ќе има 130 пратеници, а Сојузот на демократската левица 11,9 насто, односно 43 пратеници. Лидерот на Право и правда Јарослав Качињски и неговите конзервативци се на власт од 2015 година за време на мигрантската криза во Европа.

XS
SM
MD
LG