Достапни линкови

Орбан ја загуби власта во Будимпешта


Унгарската опозиција извојува значителна победа во Будимпешта на локалните избори. Тоа е прв удар за владејачката партија на Виктор Орбан кој од моментот на доаѓање на власт во 2010 година не загубил на ниту едни избори. Со речиси 90 проценти од пребројаните гласови централно- левичарскиот кандидат за градоначалник Гергели Караксонија победи со над 50 проценти освоени гласови над неговиот противник и актуелен градоначалник Иштван Тарлос.

Тарлос кој веќе 9 години седи на градоначалничкото столче, од својата канцеларија телефонски му ја честитал победата на неговиот опонент, јави новинската агенција Франс прес.

Карашони ја споредуваше битката за Будимпешта со онаа на изборите за градоначалник на Истанбул во која загуби кандидатот од партијата на претседатепот Реџеп Таип Ердоган. И голем број други градови, 10 од 23, избраа опозициски градоначалници, благодарение на новата тактика, покажуваат првичните резултати.

XS
SM
MD
LG