Достапни линкови

Оставки во американската влада, двајца функционери си заминаа


Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека вршителот на должност државен секретар за внатрешни работи Кевин Мекалилен се повлекува од функцијата. Тој од својот претходник ја презеде оваа функција пред 6 месеци.Трамп на социјалната мрежа Твитер напиша дека „Кевин по многу години во Владата, одлучи да поминува повеќе време со своето семејство и да биде во приватниот сектор“. Мекалинен во април годинава стана четвртиот човек што се нафати да биде државен секретар за внатрешна безбедност. Оваа објава дојде на само неколку часа откако Стејт Департментот соопшти дека Мајк Меклини, главниот помошник на државниот секретар Мајк Помпео ја напуштил функцијата по 37 годишна кариера како дипломат.

XS
SM
MD
LG