Достапни линкови

Мицкоски: Владата на Заев ќе биде виновна ако не добиеме датум


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не верува дека земјава ќе добие датум за отпочнување на преговори со Европската Унија. Тој додаде дека ако не добиеме датум следната недела, одговорноста ќе биде само кај владата на премиерот Зоран Заев и посебно поради законот за обвинителство и случајот „Рекет“.

„Датумот ќе биде исклучително условен, а според вестите што ги имам, можно е таков датум и да нема. Зошто не е доволно националното понижување што го направија. Нашите партнери гледаат дека во нашава земја владее арамилакот, пустошот. Токму од тие причини, датумот не само што може да биде условен, туку и одложен за други времиња“, изјави Мицкоски. Тој ова го изјави при посетата на скопската општина Карпош.

XS
SM
MD
LG