Достапни линкови

Помпео: НБА да признае дека Орвеловата „1984“ оживеа во Кина


Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја повика професионалната американска кошаркарска лига да и се спротивстави на Кина откако еден извршен директор на кошаркарски тим го налути Пекинг поради поддршката што им ја даде на демонстрантите во Хонк Конг.

„Кинеската комунистичка партија приведува и злоупотребува над милион ујгурски муслимани во камповите во Ксинџијанг,“ напиша вчера Помпео на својот твитер профил. Во продолжение истакна дека „страниците на 1984 на Орвел, оживејаа. Посакувам НБА да го признае тоа“.

Кина е мултимилионски пазар за НБА каде што моментално два тима Лејкерси и Бруклин Нетс играат серија на изложбени игри.

Причината поради која се налути Пекинг беше генералниот директор на Хјустон Рокетс, Далир Мори кој напиша твит за поддршка на демонстрантите во Хонг Конг кои бараат Пекинг да не се меша во правната и владината структура на автономниот град. Набрзо по реакциите тој го избриша постот од неговиот Твитер профил.

НБА во меѓувреме одлучи да ги намали медиумските настани во текот на патувањето на тимовите низ Кина.

Кинеската владата ги откажа сите спонзорства за тимовите и лигата и ги откажа најавените емитувања на НБА во Кина.

XS
SM
MD
LG