Достапни линкови

Меркел утре во Париз кај Макрон на разговори за пристапните преговори


Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе се сретнат и ќе разговараат за промена на францускиот став за блокирање на приспаптните преговори на Северна Македонија и Албанија, јавува новинската агенција ДПА. Дипломати од Брисел за германската агенција тврдат дека оној што сега ќе го блокира пристапниот процес ќе биде одговорен за можната дестаблизација на регионот.

Франција бара нова методологија во пристапните преговори за членство во ЕУ на министерскиот состанок во Луксембург, со што би можело третпат да се одложи одлуката за отворање преговори за Албанија и Северна Македонија. Поголемиот дел од земјите во ЕУ се за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

XS
SM
MD
LG