Достапни линкови

САД ги засилуваат предупредувањата за турската офанзива во Сирија


Сириа - Чад се крева над сирискиот град Рас-ал-Аин. 11.10.2019

Американските официјални претставници за одбрана ги засилија предупредувањата кон Анкара, откако извештаите за бројот на жртви се зголемува по прекуграничниот воен напад на Турција на териториите кои ги контролираат Курдите во северна Сирија.

Посочувајќи ги меѓународните повици да запре тридневната операција, американскиот секретар за одбрана Марк Еспер денеска го предупреди турскиот министер за одбрана Хулуси Акар дека операцијата го става под ризик напредокот во борбата против милитантната група Исламска држава.

Пентагон наводно „силно“ ја охрабрил Турција да ја „прекине“ операцијата, за која вели дека „ризикува сериозни последици.“

За турските сили се наведува дека навлегле длабоко во сириската територија против борците на сириските Курди, во операцијата со која се раселени десетици илјади цивили.

Турските војници заземаа неколку села околу градовите Рас-ал-Аин и Тел Абјад, според Сириската опсерваторија за човекови права.

XS
SM
MD
LG