Достапни линкови

Шумски пожар во Калифорнија, над 100.000 евакуирани


Архивска фотографија - хеликоптер истура вода на пожар во Калифорнија.

Шумски пожар рано денеска излезе од контрола и се прошири по работ на северниот крај на Лос Анџелес, принудувајќи илјадници луѓе да ги напуштат своите домови додека пожарникарите се бореа со пламените јазици од воздух и на земја, јавуба АП.

Началникот на полицијата Мајкл Мур изјави дека има задолжителни евакуации на 100 илјади луѓе во повеќе од 20 илјади домови.

Началникот на противпожарните служби Ралф Теразас изјави дека пожарот се проширил на околу 18 километри квадратни и оти најмалку 25 домови биле оштетени.

Пожарот избувнал вчера околу 9 часот попладне по должината на северниот дел на долината Сан Фернандо, откако силни ветрови влегоа во јужна Калифорнија.

Теразас изјави дека има одржлив ветер од 32 до 40 километри на час со налети од над 80 километри на час, а оти релативното ниво на влажност паднало под три отсто.

XS
SM
MD
LG