Достапни линкови

Чавушоглу: Турција очекува поддршка од НАТО


Столтенберг и Чавушоглу на денешната прес-конференција во Истанбул.

Генералниот серкетар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Истанбул се сретна со шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, со кого разговараа за турската офанзива против Курдите во северниот дел на Сирија, пренесе Ројтерс.

„Турција очекува Алијансата да покаже силна солидарност со Анкара против заканите за турската безбедност“, Чавушоглу, на заедничката прес-конференција со Столтенберг.

Столтенберг рече дека очекува Турција да дејствува со воздржаност во нејзиниот притисок во Сирија, додавајќи дека меѓународната заедница мора да најде одржливо решение за затворениците на Исламска држава што ги држат курдските сили во Сирија, пренесе Ројтерс.

XS
SM
MD
LG