Достапни линкови

Георгиевски: Бугарскиот ултиматум значи укинување на Договорот за добрососедство


Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски денеска на својот Фејсбук профил ги коментираше најновите услови кои ги постави Бугарија за поддршка на Македонија за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

Според него, новиот ултиматум значи укинување на Договорот за добрососедство.

„Најновиот ултиматум од Бугарската влада го доживувам како суспендирање на Декларацијата за пријателство од 1999 година и Договорот за добрососедство од 2017 година“, напиша Георгиевски.

Бугарија, нејзиното Народно собрание последно, постави неколку услови за евроинтеграција за Македонија, меѓу кои и македонскиот идентитет и јазик, на што македонските политичари одговорија дека уцените не се европски модел и дека не водат нигде.

XS
SM
MD
LG