Достапни линкови

Заев, Вучиќ и Рама на нова средба во Охрид, отворање на границите до 2021


На следната средба во Охрид ќе биде презентирано се она што е направено според Декларацијата за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал на Западен Балкан, која вчера во Нови Сад ја потпишаа лидерите на Србија, Северна Македонија и на Албанија, најави денеска советничката за медиуми на српскиот претседател Александар Вучиќ, Сузана Васиљевиќ, пренесе МИА.

„Веќе се започнати техничките подготовки за спроведување на се она што предвидува Декларацијата и на следната средба на лидерите на трите држави, на 10 ноември во Охрид, ќе се презентира сето она што е направен. Тие имаат задача да решат одредени работи, како што се отворањето граници до 2021 година, донесувањето прописи за пазарни инспекции и проток на стоки и капитал, неколку билатерални работи... Вучиќ, Заев и Рама успејаза три часа да се договорат за нешто што други не успеале ни за 30 години“, изјави Васиљевиќ.

Декларацијата, која е на иницијатива на Вучиќ, беше наречена Мал шенген и наиде на отпор кај дел од политичарите и бизнисмените во Македонија, кои му порачаа на Заев дека треба да се фокусираме на ЕУ, дека Македонија и онака е „гетоизирана во Западен Балкан“ и не ѝ треба уште една гетоизација.

Тројцата лидери објаснуваа дека ова не е ниту нова Југославија, ниту што било друго, туку е чиста економија, а евроинтеграциите се приоритет.

XS
SM
MD
LG