Достапни линкови

Офанзивата против Курдите се засилува, Анкара тврди дека убила над 300 борци


Пред налетот на турската армија, курдските цивили бегаат во градот Тал Тамр, во северна Сирија.

Турските сили денеска, на третиот ден од операцијата „Извор на мирот“ против курдските борци, навлегоа подлабоко во североисточна Сирија, што предизвика уште едно масовно раселување на цивилите и наиде на силна критика од меѓународната заедница, објави Асошиејтед прес.

Според извештаите, жртви има и на двете страни. Турција одбјави дека еден нејзин војник загинал, нарекувајќи го „маченик“ во борбите. Турското министерство за одбрана соопшти и дека се ранети тројца турски војници, а турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека, како што рече, убиени биле вкупно 342 терористи, пренесе АП.

Во неколку наврати курдските борци возвратија со артилериски оган кон пограничните турски градови. Од почетокот на турската офанзива, во Турција загинале 6, а во Сирија 7 цивили.

XS
SM
MD
LG