Достапни линкови

Заев: Честитки за Ахмед и благодарност до Бушамауи што нѐ номинираше мене и Ципрас


Зоран Заев и Алексис Ципрас во Скопје

Нобеловата награда за мир за премиерот на Етиопија Аби Ахмед е заслужено признание за неговиот придонес за ставање крај на 20-годишната војна меѓу Етиопија и Еритреја, и инспирација за сите, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил, честитајќи на наградата на Ахмед.

Заев, заедно со неговиот поранешен грчки колега Алексис Ципрас беа номинирани за Нобелова награда за мир, за решавање на 25-годишниот спор меѓу Македонија и Грција.

Заев ѝ се заблагодарува на нобеловката Уидед Бушамауи што ги номинирала него и Ципрас за најпрестижната светска награда.

XS
SM
MD
LG