Достапни линкови

Османи: Итлијанскиот Сенат следната недела ќе заседава за ратификација на НАТО прооколот


Вицепремиерот Бујар Османи

Вицепремиерот Бујар Османи, на средбата со претседателот на Комитетот за односи со земјите од Западен Балкан во италијанскиот Сенат, Лучијано Далфон, добил уверување дека ратификацијата на протоколот за НАТО ќе се најде на следната пленарна седница на Сенатот, која се очекува наредната недела, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

„Брзата ратификација на протоколот ќе претставува значаен импулс за севкупните интегративни процеси во земјава, но и дополнителна шанса да ја достигнеме амбицијата за заокружување на овој процес во рамките на Лондонскиот самит на почетокот од декември“, рекол Османи, посочувајќи на значењето на овие процеси не само за земјата, туку и за целиот регион.

XS
SM
MD
LG