Достапни линкови

Столтенберг денеска во Турција


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ќе престојува во Турција, каде ќе има средби со претседателот Реџеп Тајип Ердоган и министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу. Турското МНР соопшти дека тема на разговорите на Столтенберг ќе бидат серија прашања кои се на агендата на НАТО. Посетата на генералниот секретар на Алијансата беше закажана пред Турција да ја почне воената интервенција во северна Сирија против курдските борци од редовите на Сириските демократски сили.

Турција во средата ја почна воената операција „Извор на мирот“, источно од реката Еуфрат во северниот дел на Сирија со цел да ја обезбеди својата граница преку, како што тврди Анкара, елиминација на терористички елементи. Турската инвазија наиде на осуда од меѓународната заедница, а Обединети нации и Арапска лига одржуваат вонредни состаноци.

XS
SM
MD
LG