Достапни линкови

Пенс ќе ги даде записниците од неговите разговори со Зеленски


Украинскиот претседател Володомир Зеленски и американскиот потпретседател Мајк Пенс

Американскиот потпретседателот, Мајк Пенс, изјави дека работи со советниците во Белата куќа за објавување на записниците од неговите разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Пенс смета дека со тоа ќе помогне во докажувањето дека претседателот Доналд Трамп не направил ништо лошо, пренесе Асошиејтед пред.

„Не би имал никаков приговор на тоа“, им одговори Пенс на новинарите, на прашањето за објавување на транскриптите од неговите разговори со Зеленски.

Пенс додаде дека „никогаш не разговарал со Зеленски за Бајденови“ и повторно го бранеше претседателот Трамп.

Трамп се најде под политички оган откако свиркач пријави дека претседателот и неговата администрација ја условувале помошта за Украина со истрага за политичкиот опонент Џо Бајден и неговиот син Хантер, пренесува АП.

XS
SM
MD
LG