Достапни линкови

И бугарското Собрание расправа за ЕУ датумот за Македонија


Бугарскиот Парламент расправа за Предлог-декларација со која се предлага Бугарија да даде целосна поддршка отпочнувањето на преговорите за членство на Република Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Како што јави БГНЕС, расправата по Предлог-резолуцијата е прва точка на денешната седница на бугарското Собрание. Предлогот за вметнување на оваа точка на дневниот ред на собраниската седница го поддржаа 130 пратеници, пренесе МИА.

Во Предлог-декларацијата се наведува дека бугарското Народно собрание е посветено на проширувањето на ЕУ и на Процесот на стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Албанија. Во документот се нагласува дека европската интеграција „нема да биде на штета на искривување на историските настани, документи и артефакти, како и на улогата и ставовите на лицата од бугарската историја“.

Со декларацијата Софија го повикува Скопје да го спроведува ефикасно, без одлагање и со добра волја Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, што беше потпишан од премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Зоран Заев на 1 август 2017 година. Во текстот се посочува дека Бугарија „се залага за прифаќање на историската вистина за заедничка историја што ја споделуваат двете држави и народи“.

XS
SM
MD
LG