Достапни линкови

Турција објави почеток на копнена офанзива во Сирија


Турски воени возила на границата со Сирија

Турски војници и нивните сиријски сојузници влегле на североистокот на Сирија во рамките на офанзивата што ја покрена Анкара против курдските милиции, соопшти турското министерство за одбрана. Претставник на сириската бунтовничка група која учествува во офанзивата изјави дека копнената операција почнала синоќа и оти војниците се движеле во правец на градот Тал Абјада кој е под контрола на курдските Единици за заштита на народот. Турција вчера почна воена операција против курдските сили со воздушни напади и со артилериски оган врз областите на североистокот на Сирија. Според некои наводи, притоа загинале најмалку 15 луѓе, од кои 8 цивили, додека 40 други биле ранети.

XS
SM
MD
LG