Достапни линкови

Јасна Мандиќ донесена во Кривичниот суд


Архивска фотографија- Основен кривичен суд - Скопје

Потпретседателката на невладината организација Меѓународен сојуз Јасна Мандиќ- Ерцеговиќ вечерва беше донесена во Кривичниот суд во Скопје да даде исказ пред судија на претходна постапка поврзано со новата истрага која денеска ја обелодени Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Претходно во судот пристигна и обвинителка Вилма Русковска.

Обвинителство побара мерка притвор за Мандиќ- Ерцеговиќ поради основано сомнение за помагање при извршување на кривичното дело „измама“. За другите тројца осомничени се бараат мерки на претпазливост, а меѓу нив има и функционер од СДСМ. Во оваа истрага за Измама и за перење пари првоосомничен е Јовановски, а останатите четворица дека му помагале.

Тие се сомничат дека преку невладината Меѓународен сојуз од бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Амзоски наплатиле 720 илјади, односно 260 илјади евра, измамувајќи ги дека ќе обезбедат државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата. Функционерот, заедно со првоосомничениот, наведе обвинителството во соопштението, присуствувал на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

XS
SM
MD
LG