Достапни линкови

Дескоска: Нема дилема, препораките од Венецијанска комисија ќе бидат спроведени


Архивска фотографија- министерката за правда Рената Дескоска

Министерката за правда Рената Дескоска вели дека не треба да има дилеми за спроведување на препораките од Венецијанската комисија, но тоа ќе биде сторено откако Комисијата ќе го даде своето официјалното мислење.

„Мислам дека не треба да има никакви дилеми или дебати дали ќе се имплементираат или нема да се имплементираат препораките. Со самото тоа што сите сме се согласиле да испратиме цел закон плус неусвоениот член на Венецијанска комисија сме се согласиле дека препораките ќе ги земеме сериозно, ќе ги разгледаме и ќе ги имплементираме“, рече Дескоска.

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека Владата побарала одложување на конечното мислење на Венецијанската комисија во врска со Законот за употреба, за да имаат време да ги анализираат забелешките на Комисијата изнесени во нацрт верзијата и да одговорат на нив. Во секој случај, рече, конечниот став и мислење на Комисијата може да се очекува до крајот на годината и Владата се обрзува дека ќе го примени.

XS
SM
MD
LG