Достапни линкови

Белата куќа нема да соработува во процесот за импичмент на Трамп


претседателот Доналд Трамп

Белата куќа го информира Претставничкиот дом на Конгресот, контролиран од Демократската партија, дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема да учествува во процесот за импичмент на претседателот. Во писмото се наведува дека импичментот бил „нелегитимен“, а процесот „без основа и неуставен“. Ова е најостриот одговор на Белата куќа во врска со оваа истрага. Претседавачот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси изјави дека Трамп ќе одговора и за тоа што неговата администрација одбива да соработува.

XS
SM
MD
LG