Студентите од М3ДС Академијата за 3Д и гејм дизајн ги изложија своите креативни, интересни и успешни изработки, односно 3Д модели и скулптури.
„Посетителите имаа можност да ги погледнат професионалните изработки на нашите студенти, вклучувајќи ги нивните рендери, 3Д модели, 3Д испечатени скулптури, кои претставуваат нивни финални изработки за успешно завршената Академска година. Беше одржано и свечено доделување на сертификатите од AUTODESK Training Center на сите положени студенти“, објавија од Академијата.