Достапни линкови

Заев до 15 октомври очекува обвинение за „Рекет“


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека очекува до 15 октомври да биде покренато обвинение за случајот „Рекет“.

„Пред 15ти завршуваат 90 дена од истрагата, по што очекувам да биде завршена со обвинителен акт и граѓаните да ги знаат сите вистини. Тоа ќе го охрабри правосудството и понатаму да одлучува исклучиво и по Устав и по Закон и по сопствено убедување и затоа што ветивме правна држава, владеење на правото. Право еднакво за сите, еднакви граѓани пред правниот систем“, порача Заев на денешната трибина „На прав пат“ во Штип.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција, осомничени се Бојан Јовановски, Зоки Милески и поранешната шефица на СЈО Катица Јанева.

XS
SM
MD
LG