Достапни линкови

Талибанците убиле 6 полицајци во Авганистан


Авганистански полицајци. Архивска фотографија.

Талибанците убиле шест полицајци во авганистанската покраина Каписа при напад на контролен пункт. Локалните власти соопштија дека тројца полицајци се повредени. Според нив, зголемено е присуството на талибанците во регионот и повремено спроведуваат напади врз контролни пунктови.

Нападот се случува кога талибанските преговарачи соопштија дека се сретнале во Исламабад со американскиот мировен претставник за Авганистан, Залмај Халилзад за прв пат откако претседателот на САД, Доналд Трамп во септември изјави дека мировниот процес е мртов.

XS
SM
MD
LG