Достапни линкови

Сириската опозиција со предупредување за „војна“ против Турција


Припадник на сириските демократски сили.

Сириските демократски сили поддржани од САД, предупредија за „целосна војна“ против Турција, доколку земјата ја спроведе својата закана да изврши воздушни и копнен напад против нив во североисточна Сирија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека земјата ќе спроведе воздушна и копнена воена операција, врз цели на подрачјето под контрола на сириските демократски сили источно од реката Еуфрат во Сирија. Сириските демократски сили се составени пред се од курдските, арапските и асирските милиции.

XS
SM
MD
LG