Достапни линкови

Нуклеарни преговори меѓу САД и Северна Кореја во Стокхолм


Американскиот специјален претставник за Северна Кореја, Стивен Биган

Претставници на американските и севернокорејските власти пристигнаа во изолиран конференциски центар на периферијата на Стокхолм во обид да стават крај на застојот во нуклеарните преговори. За прв пат тие формално ќе седнат на маса откако претседателите на двете земји Доналд Трамп и Ким Џонг Ун се сретнаа во јуни и донесоа одлука да ги рестаритираат преговорите кои пропаднаа по неуспешниот самит во Виетнам во февруари.

Делегацијата на Вашингтон е предводена од американскиот специјален претставник за Северна Кореја, Стивен Биган. Тимот на Северна Кореја е предводен од шефот за нуклеарни преговори на земјата Ким Мионг Гил.

XS
SM
MD
LG