Достапни линкови

Демократскиот кандидат Сандерс имал срцев удар


Берни Сандерс

Доктори потврдија дека демократскиот претседателски кандидат Берни Сандерс претрпел срцев удар. Членови на неговиот тим соопштија дека 78 годишниот Сандерс ја напуштил болницата во Лас Вегас и се чувствува одлично и со нетрпение очекува да се врати на работа.

Сандерс беше примен во болница на 1 октомври откако се пожалил на непријатност во градите. Тој ги суспендираше неговите јавни настапи, но планира да им се придружи на останатите 11 кандидати во Охајо каде на 15 октомври ќе се одржи наредната демократска претседателска дебата.

XS
SM
MD
LG