Достапни линкови

Трамп наредил кратење на бројката на вработени во Советот за безбедност


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп наредил намалување на бројката на персонал во Советот за национална безбедност, јави Блумберг. Таквиот чекор доаѓа во период кога Трамп се соочува со импичмент откако беше отворена истрага по тврдењата на свиркач поврзана со работата на Советот за национална безбедност.

Во моментов во советот работат 310 лица, а не се знае за колку бројката ќе биде намалена. Свиркачот тврди дека Трамп во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски барал да се истражи неговиот демократски ривал Џо Бајден. Конгресот истражува дали Трамп со тоа ја загрозил националната безбедност и интегритетот на американските избори.

XS
SM
MD
LG