Достапни линкови

Над педесетина загинати на антивладините протести во Ирак


илустрација

Бројот на загинати на протестите низ Ирак неделава се зголеми на 53, соопштија денеска властите. Во Багдад, попладнево биле убиени девет лица на плоштадот Тахрир кој е централната точка, а најмногу насилства се забележани во градот Насирија.

Премиерот Адел Абдул-Махди, повика на смиреност, изјавувајќи дека работи на исполнување на легитимните барања на демонстрантите. Сепак, тој додаде дека нема магично решение за проблемите во Ирак.

Во меѓувреме, демонстрациите се раширија во неколку други провинции. Откако во вторник започнаа протестите, полицијата користи боева муниција за да ги растера демонстрантите. Протестите главно вклучуваат млади луѓе кои бараат работа, функционални јавни услуги и се борат со корупцијата.

XS
SM
MD
LG