Достапни линкови

Уставниот суд на БиХ ја укина смртната казна во Република Српска


илустрација, судница

Уставниот суд на Босна и Херцеговина денеска одлучи да ја укине смртната казна во Република Српска и им даде на властите три месеци да ја избришат таа одредба од Уставот на Република Српска.

Судот донесе таква одлука со прифаќање на жалбата на Клубот Бошњаци во Советот на народите на Српска за оцена на уставноста на член 11 став 2 од Уставот на Република Српска.

Претседателот на Уставниот суд на БиХ, Златко Кежевиќ за РТРС изјави дека со денешната одлука на тој суд, одредбата за смртна казна практично престанала да постои и дека надлежните имаат три месеци да ја избришат од Уставот.

XS
SM
MD
LG