Достапни линкови

Трамп сака Белата куќа да има своја мрежа за вести


Претседателот Доналд Трамп изјави дека Белата куќа треба да започне со сопствена мрежа за вести, за да се спротивстави на, како што рече, „омразата“ на некои медиуми кон Соединетите држави, ставајќи ги во контекст на лажни вести медиумите како Си-Ен-Ен и Њујорк Тајмс.

„Тоа е ужасна работа за нашата земја. И ние треба да започнеме со сопствена мрежа и да сториме нешто. Ставете некои навистина талентирани луѓе и добијте вистински глас. Не е глас кој е лажен “, рече Трамп во неговиот говор во Флорида.

Трамп го критикуваше Си-Ен-Ен и другите главни медиуми, како што е Њујорј Тајмс, среде скандалот со телефонскиот разговор што го имал со неговиот украински колега Володомир Зеленски на 25 јули годинава. Во тој повик, изгледа како Трамп да го притиска Зеленски за истрага на неговиот политички ривал и поранешен американски потпретседател Џо Бајден и неговиот син. Тој телефонски повик стана фокус на истрагата за импичмент за Трамп од страна на американските законодавци.

По говорот во Флорида, не беше јасно дали Трамп е сериозен во коментарите за започнување на новинска мрежа на Белата куќа, но се осврна на Радио Слободна Европа и на Гласот на Америка, два радидифузери што се финансираат од американската влада.
„Порано имавме Радио Слободно... Мислам дека Радио Слободна Европа и Гласот на Америка ... И, ние го направивме тоа за да изградиме нашата земја, тоа не функционира премногу добро“, рече Трамп.

Џејми Флај, претседател на Радио Слободна Европа, истакна дека спротивно на проценката на Трамп, радиодифузерот, основан во 1950 година, продолжува секојдневно да им доставува „објективно новинарство“ на оние „на кои инаку им недостигаат доверливи извори на вести и информации“.

„Веруваме дека нашите напори да се спротивставиме на дезинформациите - преку дигиталните платформи и радио и ТВ - и да се развие добро информирано граѓанство - се посуштински од кога било во ера кога вистината се повеќе е напаѓана“, рече Флај.

Директорот на Бирото за Белата куќа на Гласот на Америка, Стив Херман, на Твитер истакна дека „операцијата се уште добро оди“ и дека Трамп „треба да биде добро запознаен“ со фактите, откако за Гласот на Америка даде две интервјуа од кога стана претседател во јануари 2017 година.

Гласот на Америка (ВОА) е најголемиот американски меѓународен радиодифузер, обезбедувајќи вести и информации на повеќе од 40 јазици за седмична публика преценета на повеќе од 275 милиони луѓе.
Новинарите на Радио Слободна Европа известуваат на 26 јазици во 22 земји каде слободното новинарство е забрането од локалните влади или не е доволно етаблирано.

XS
SM
MD
LG