Достапни линкови

„Монструм“: Прочитана СМС порака во која се зборува кој наводно стои зад убиството на момчињата


Судење за Монструм, обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски

„Полицаец со инцијали З.Т. на соговорник му кажува дека позади убиството на момчињата и рибарот на Смилковското Езеро стои поранешниот полицаец и командир на ГП Блаце, а сегашен убиец на полицаец“, пишува во транскриптот на СМС пораката што денеска ја прочита судијата Осман Шабани на рочиштето за предметот „Монструм“.

Полицаецот, според СМС пораката прочитана во судницата, на соговорникот му вели дека знаел оти, според него, сомнителното лице, ќе предизвика инциденти со униформирана група за да ја покаже неговата моќ.

„За ова го известив и советникот на претседателот, но и „Радникот”, кој сега не можам да го добијам на телефон, не ми се јавува“, вели полицаецот во СМС пораката“, пренесе МИА.

Според него, сомнителниот е во бегство поради убиство на полицаец од специјалните единици.

Таткото на едно од убиените момчиња, по паузата побара од судијата Огнен Ставрев да се обезбеди снимка од собраниска седница кога премиерот Зоран Заев дава одговор на пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ за „Монструм“, каде според него, кажал многу важни работи за случајот. Според него, премиерот кажал дека сите материјали од претходното судење сега се декласифицирани. На прашање на судијата Огнен Ставрев дали тоа нешто ќе помогне, таткото рече дека Заев ќе биде повикан како сведок и во судот да каже.

Ставрев најави дека ќе се обиде да обезбеди материјал од таа собраниска седница и да се пушти во Судот, по што продолжи со читање на СМС пораки.

Судењето продолжува на 10 октомври со читање на преостанатите СМС пораки кои се доказен материјал предложени од Обвинителството.

XS
SM
MD
LG